Погледот кон машкоста е непостојана работа. Во минатото можеби неприфатливо но денес ги прифаќаме работите како шминка за мажи, чанти и секако накит. Станува збор за машки ѓердани кои и тек како се најголем хит оваа година, а исто така ни покажаа и дека дијамантите и бисерите повеќе не се само за девојчињата.

Накитот и тек како е дел од колекциите за мажи на модните куќи како Dior и Louis Vuitton. Машките ѓердани како и прстените станаа доста популарни, почнувајќи од славните личности како Тимоти Шаламе, Хари Стајлс, Анвар Хадид.

машки ѓердани

Познатиот гердан кој го носеше актерот Тимоти Шаламе, Loius Vuitton Chain.

машки ѓердани

Смел ѓердан кој го красеше вратот на A$AP Rocky, а кој има прилагодено CD лого направен совршено да се вклопи со секоја маица, CD ICON NECKLACE.

машки ѓердани

Како доказ дека машкиот накит е голема работа, Tiffany & Co. сега има линија посветена. Овој комплет ги комбинира двата омилени накити на мажите, прстен и ѓердан, Paloma’s Groove Bead Pendant.

Matthew Williams е познат по вклучувањето на детали инспирирани од индустриски производи. Ја покажува машкоста, 1017 ALYX 9SM.

Пушењето е штетно, но овој ѓердан со запалка е доста интересен додаток. Дизајниран од Yoon Ahn, личност која стои позади дизајнот на кул накитот на Dior Men кој личности како Kanye West и A$AP Rocky сакаат да го носат, Ambush iridescent metal lighter case necklace.

Ако парчињата накит на Alan Crocetti се премногу неконвенционални за ваш вкус, овој ѓердан е прилично безбеден облог, Alan Crocetti silver tribal necklace.

Tom Wood вложува многу мисли во своите минималистички унисекс парчиња. Така и овој ѓердан е со монета на која се наоѓа нова итерација која го карактеризира грчкиот владетел Александар Велики, Tom Wood silver coin pendant necklace.

Сите парчиња на Alighieri даваат чувство како да се богатство извадени од ископини. Тоа е затоа што тие се инспирирани и изработени од стари монети и други пронајдени предмети.

Ѓаволот или ангелот е во деталите на овој ѓердан. Martyre ни дава надеж со крилеста фигура, асиметричен синџир и магнетниот затварач со потпис на брендот. Многу портски унисекс парче. 

Ова парче прави spin на класичниот ѓердан од бисери, што е едно од најзначајните парчиња накит за мажи во моментот. WWW.WILLSHOTT со наизменично наредените мали и големи бисери во моментов е многу тренди машки додаток.

Ако веќе сте научиле да го сакате бисерите, тогаш запознајте се со убавината на кристалните ѓердани. Jacquemus ни носи ѓердан кој е покриен со Swarovski кристали кои изгледаат фантастично.