Да во најкраток можен рок се дознаат претстојните дизајнерски предлози и растечки трендови е предизвик на денешницата. Но згора на тоа и да се посведочат, доживеат и од директен поглед проценат 25 ревии, 36 презентации и бројни настани надвор од официјалниот моден календар, компресирани во само 4 дена е особен подвиг за моден новинар кој доаѓа од Македонија како единствен.

Милано со овосезонската машка модна недела се докажа како најприземјен и концизен постулат од сите модни недели за идните модни но и животни дефиниции. Свеста е посветена на природата, на околината и онаа која ја носиме во нас.

Изразот варира меѓу ублажени и успокоени земјени нијанси, или жестоки но припитомени колоритни изрази, каде модерниот маж на спонтан начин ги износува и елеганцијата и спортскиот дух и голотијата.

Следното лето ќе го дочекаме со омаж на легендарните Брус Ли, Кит Флинт и Скајвокер. Миланската модна недела во полн ек беше проследена од член на новинарскиот тим на ММагазин, а за повеќе детали од искуството и трендовите кои следат ќе можете да прочитате во Јулскиот број на ММагазин.