Аплаузот од осум минути за најновата верзија на Џокер дефинитивно го одбележа 76-то издание на филмскиот фестивал во Венеција. Што се однесува до црвениот тепих, фантастичните изгледи на младите актерки оставаа без здив, а својот данок во воздишки го собраат и некои од талентираните, згодни и модно освестени мажи. Меѓу многуте креации на тоалети, ви ги одвојуваме мажите кои прошетаа пред фотоапаратите и камерите на црвениот тепих во Венеција.