Marshall додава уште еден рокерски модел во својата линија на мобилни, Bluetooth звучници инспирирани од гитарските засилувачи, по кои оваа компанија е најпозната.

Со димензии од 6,8 на 16 на 7,6 сантиметри и со тежина од околу 700 грами, звучникот Emberton е најлесниот и најкомпактниот додаток во семејството на подвижни звучници на аудио брендот Marshall. Остриот силиконски екстериер, цврстата метална решетка и IPX7 водоотпорност која може да достигне до еден метар потопување, што е навистина импресивно, сето ова дополнето со еластичноста од ненадеен пад на звучникот, овозможува секојдневно безгрижно уживање во омилената музика.

Marshall исто така додаде и уникатна повеќенасочна технологија наречена True Stereophonic, која има за цел да испорача гласен 360-степен звук преку вашиот паметен телефон и до девет метри оддалеченост, за преку 20 часа со едно полнење. По ова, 20-минутно полнење е доволно за пет часа работа.

Исто како и останатите Marshall звучници кои беа објавени во последно време, така и Emberton содржи голем број препознатливи детали на брендот кои навистина естетски отскокнуваат во однос на конкуренцијата и останатите Bluetooth звучници, вклучително и легендарното Marshall лого и сјајното месингано копче.

Marshall

Цената за Mаrshall Emberton изнесува 149 долари, а веќе е достапен за продажба и тоа онлајн на официјалната страница на аудио брендот.