Компанијата Marshall има статус на легендарен бренд во музичката сфера и е позната по своето озвучување и преносните звучници со врвен и професионален квалитет. Сепак, сега брендот одлучи да оди чекор понатаму и ги претстави своите први бежични слушалки наречени Marshall Motif ANC опремени со активно укинување на позадинската бучава.

Marshall Motif ANC слушалките поседуваат група естетика со целосно црна боја, карактеристична за производите на оваа компанија, со бели брендирани акценти и текстурни површини. Новите Marshall слушалки, таканаречени „бубици“, поседуват IPX-5 рејтинг, што значи дека се отпорни на гребнатини и вода, додека нивната полначка база е обележана со IPX-4 сертификат, што ја прави отпорна на помали водени прскања.

Носејќи го најсилниот звук во најмалото пакување, Motif ANC слушалките го носат „thunderous“ звучниот профил на компанијата Marshal со доследната бас линија. Marshall Bluetooth апликацијата им овозможува на корисниците понатамошни прилагодувања на „еквилајзерот“ според желбите. Поради дополнителна погодност, функциите на тач одговорот се вклучени во „бубиците“ поради контрола за емитување на музиката, примање и завршување на повици, како и промена меѓу Transparency и ANC режимите.

Секоја слушалка поседува 4,5 работни часа резерва, додека нивната база за бежично полнење носи уште 20 часа меѓу два циклуса. Меѓу дополнителните карактеристики треба да се истакнат auto-play и auto-pause функциите при носењето и отстранувањето, вградените двојни микрофони за редуцирање на амбиенталните звуци и три различни величини на влошки за ушите.

Motif ANC бежичните слушалки на Marshall сега се достапни за порачување преку официјалниот сајт на компанијата по цена од 199 долари, додека испораките ќе започнат на крајот од овој месец.