Криста Ким, уметник од Торонто, го продаде првиот дигитален дом поддржан од NFT (незаменлив токен) за 288 Ether, што би билo еквивалент на 512.000 американски долари. Ова потврдува дека интересот за виртуелен дизајн продолжува да расте. Куќата наречена Mars House е 3Д дигитална датотека што може да се доживее во виртуелната реалност. За дизајнирање на овој дом Ким соработувала со архитект користејќи Unreal Engine, софтвер што обично се користи за создавање видео игри.

Куќата која гледа на планински масиф има отворен дизајн со стаклени ѕидови и градиентни шарени нијанси кои го покриваат таванот и подот. Дигиталното опкружување се доживува придружено со песна во продукција на Jeff Schroeder (од The Smashing Pumpkins). Дигиталниот дом може да се доживее во виртуелна реалност и, да се преклопи во реалниот свет за да се создаде средина за проширена реалност (AR-Augmented reality) во апликации како што е SuperWorld. Иако оваа куќа нема имотен лист, таа има NFT која постои како сертификат за автентикација кој е зачуван на блокчејн, што е еквивалентно на имотен лист за вистинска куќа, што ја потврдува сопственоста.