Piëch тврди дека новата спортска машина Mark Zero ќе има батерија која се полни до 80% за 4,40 минути. Овој електричен гранд турер кој има три мотори кои ги даваат 603-те коњски сили ќе има лесно тело за убаво ракување. Но најголемиот атрибут кој го има овој автомобил е батеријата со висок капацитет која може да се пофали со можност за брзо полнење каква што досега немаме видено.
Основачот на Piëch, Антон Пич, е еден од 12-те деца на Фердинанд Пич, човекот кој возвиши Audi во 70-тите и 80-тите, а предводеше со Volkswagen меѓу 1993 и 2015. Гледајќи наназад ова семејство во себе има корени на Wenceslaus Porsche.
Центарот на оваа приказна е Mark Zero, елегантен и спортски автомобил со целосно електричен погон. Засебни електромотори од 150kW за секој од задните тркала и асинхрон мотор од 150 kW на предната оска, вкупна тежина од 1.800 kg овој автомобил е дизајниран со можност за надградба на моторите и батериите, но и со можност за користење на различни погонски агрегати.
Тешките батерии се сместени во централниот тунел и задната оска така што е направена распределба на тежината како му прилега на еден спортски автомобил. Компанијата не објави детали за големината и капацитетот на батеријата. Но објави дека опсегот на Mark Zero ќе е 500 km (WLTP).
Батеријата е изградена од страна на Desten Group Limited, кинеско/германска компанија со седиште во Хонг Конг. Desten тврди дека неговите батерии можат да се испразанат и наполнат 5.000 пати пред да падне капацитетот на батеријата под 80%, што укажува на извонредна долговечност на батериите. Компанијата исто така тврди дека дури и под екстремно брзиот процес на полнење загревањето на батериите е минимално.