Вака гласат последните истражувања, според кои, канабисот може да го подобри сексот за жените

Музиката звучи подобро, храната е нерверојатно повкусна, а со последните истражувања и сексот е подобар кога е во друштво на канабисот. Истражувањето е дело на д-р Беки Лин, гинеколог специјалист по сексуална медицина  од Сеинт Луис, Мисури. Таа сакала да открие како канабисот го поправа либидото кај жените, откако неколку нејзини пациенти изјавиле дека доживуваат повеќе и појаки оргазми кога се под дејство на канабис. 

Нејзиното истражување има околу 400 жени кои пополниле прашалник за канабисот и нивното сексуално либидо. Во истражувањето, 127 жени изјавиле дека користат марихуана пред секс и дека имаат повеќе оргазми од оние кои не го прават тоа. 

Ова не е индикација дека канабисот води до подобар секс, но веројатно може да помогне. И други истражувања го поддржуваат ова тврдење. Така, научниците од Стенфорд докажале дека марихуаната води до почест сексуален однос.

Тука се поставува прашањето како канабисот го подобрува сексуалниот живот?

Ниските дози марихуана влијаат врз рецепторите за канабиноиди кои се наоѓаат по целото тело на човекот, вклучувајќи го и мозокот. Докажано е дека канабисот ги намалува анксиозноста и болката, а со тоа се зголемува возбудувањето. Марихуаната ги проширува крвните садови, па крвта побргу стига до половите органи, а со тоа се зголемува чувствителноста. Сепак, користете ја разумно.