Mango Menswear во релаксирачка средина ја претстави новата колекција за мажи. Моделот Кит Батлер совршено се вклопува во фотосесијата, претставувајќи ги беспрекорно скроените и релаксирачки парчиња од колекцијата. Стилот на посакувана облека, шпанскиот бренд успешно го покажува низ композицијата.

Кошули, панталони, тексас, бели патики… комплементарните тонови се соединуваат со нагласок на неутрални и земни нијанси. Кога станува збор за гардероба за современиот човек, Mango нема проблем да најде совршена рамнотежа помеѓу класичен дизајн на облека и предлози за современ стил.

Неутрална палета на бои на оваа колекција на Mango Menswear нуди мек пристап на комбинација за моментот на транзиција помеѓу летото и есента. Лесните материјали нудат одредена софистицираност преку паметно скроените комбинации и чистите линии.