Moi Composites е компанијата која ќе дебитира на Genoa Boat Show кој ќе се одржува од 1-ви Октомври годинава со првиот 3Д фиберглас отпечатен брод наречен Mambo. Името на бродот доаѓа како акроним од Motor Additive Manufacturing Boat и претставува патентирана технологија на 3Д-печатење наречена континуирано производство на влакна.

За да ја добие конечната форма, целиот систем континуирано таложи влакна со терморегулирачка смола. Овој уникатен брод има димензии од 6,5 метри во должина и 2,5 метри во ширина. Елегантниот дизајн на Mambo е истакнат со сина боја чие лесно и издржливо тело тежи само 800 килограми. Mambo е опремено со 115cv мотор, навигација, под од плута и седишта од бела кожа.

„Учествувавме на Genoa Boat Show во 2017 година и токму на овој настан дојдовме до идеја да го развиеме Mambo. Гледавме како проектот се оформува, оживува за конечно Mambo денес да пристигне до море. Имаме 3Д отпечатен брод кој го промовира концептот на единствен дизајн создаден од умот на сопственикот на компанијата. Меѓутоа сето ова немаше да се случи без поддршка од нашите партнери, кои веруваа во нас и овој амбициозен проект.” изјавува Габриеле Натале, извршен директор и ко-основач на Moi Composites.