Maluma x Quay започна соработка насловена „So Much Sol“ во која е опфатена нова колекција на очила за сонце. Кампањата е снимана во Мајами, а познатиот музичар е лицето на кампањата. Мајами е избран со причина, со цел да се преслика концептот „Miami Vice“. Поттик за оваа соработка е тоа што Maluma е голем фан на Quay, забележан е многу пати како ги носи нивните очила. Очилата се доста автентични и стилски и доаѓаат со пристојна цена. На веб страната на производителот можете виртуелно да ги пробате.