Непосредно пред нова година, македонската компанија Атомем го презентира новиот бренд за mobile accessories, Busy, првиот кај нас со лиценци и протоколи од многу светски познати марки како Apple, Qualcomm, … Отсега галантеријата за мобилни телефони од сертифициран бренд со прифатлива цена може да ја имате и вие.
Ние веќе ја проверивме MFI сертификацијата на страницата на „Apple“ под критериум Brand – Busy (https://mfi.apple.com/MFiWeb/getAPS) и се уверивме во фактите и производите. Сертифицираните MFI производи се специјално оригинално наменети за телефонски и останати уреди произведени од „Apple“.
Сертификацијата гарантира квалитет, заштита и означува оригиналност на додатоците, одобренo од страна на „Apple“. Освен веродостојноста во поврзаноста, Busy се докажува и во областа на батериите т.е. „банките за енергија“ инплементирајќи го QC 3.0 протоколот за полнење.
Што е QC 3.0?
QC 3.0 е протокол за полнење дизајниран од Qualcomm, нуди мулти-напонско полнење од 3.7V до 20V; Вашиот уред може да добие совршениот напон и струја оптимизирани за нејзината точна состојба на полнење. Вашиот уред треба да поддржува Quick Charge за да добива совршен бенефит.
Busy производите се веќе во продажната мрежа на Атомем низ Македонија, а вие можете да ги разгледате сите производи и цени на https://busyshop.eu