Специјализираниот сајт Sportico, кој се занимава и со бизнис страната на спортот, ја објави листата на 25 најплатени спортисти на сите времиња. На самиот врв на оваа топ листа се најде Мајкл Џордан, кој во текот на својата кариера успеал да заработи масивни 2,62 милијарди долари, додека една милијарда пристигнала од авторски права, кои му се исплатени од страна на компанијата Nike по неговото второ и последно пензионирање во 2003 година.

Зад „Летечкиот Мајк“ се најде Тајгер Вудс со 2,1 милијарда долари, а исто како и Џордан, така и голферот имал голема корист од своето партнерство со американскиот спортски бренд. Останатите 11 спортисти во првите 12 на листата заработиле една милијарда долари откако станале професионалци и тие се вклучени во следниот редослед: Арнолд Палмер (голф), Џек Никлаус (голф), Кристијано Роналдо (фудбал), Флојд Мејведер (бокс), Леброн Џејкс (кошарка), Лионел Меси (фудбал), Михаел Шумахер (Formula 1), Роџер Федерер (тенис), Фил Микелсон (голф) и Дејвид Бекам (фудбал).

Ниту една дама во топ 25

Четири голфери – Вудс, Палмер, Никлаус и Микелсон, влегоа во првите 12, докажувајќи дека голфот стана еден од најпрофитабилните спортови на денешницата. Тројца фудбалери – Меси, Роналдо и Бекам, исто така се тука, додека зад нив, на 13-тото место се наоѓа починатиот Коби Брајант со нешто помалку од една милијарда, поточно 930 милиони долари вкупна заработка. Забележано е дека преку продажба на BodyArmor на Coca-Cola компанијата, овој бренд би достигнал вредност од милијарда долари, при што само заработката пред неговата смрт е всушност земена во предвид.

NBA лигата претставена е со големи имиња како што се Џордан, Леброн Џејмс, Коби Брајант, Шекил О’Нил и Кевин Дурент, од кои сите се најдоа во Топ 25. Боксерите на листата ги претставуваат Мајк Тајсон, Мани Пакјао, Оскар Делахоја и Флојд Мејведер, додека тука се Луис Хамилтон и Џеф Гордон како преостанати спортски тркачки, покрај Шумахер. Ниту една дама не се најде на оваа листа на најплатени, додека Серена Вилијамс заработила 480 милиони долари во својата професионална кариера, што ја сместува надвор од Топ 40 на сите времиња.