Брендот Coach ја промовираше Jean-Michel Basquiat колекцијата со кампања во која како нов член го гледаме актерот Мајкл Б. Џордан. Делото на Jean-Michel Basquiat е дел од кампањата за сезоната Есен/ Зима 2020, која изобилува со чанти, маици и дуксери испечатени со слики на уметникот, како и добро познатата круна и диносаурусот.

Кампањата е фотографирана од страна на Микаја Картер, а во неа покрај познатиот актер се појавуваат и Џенифер Лопез, Џон Батист, Палома Елсесер, внуката на Jean-Michel Basquiat, Џесика Кели и други. Покрај фотосесијата кампањата е промовирана и преку видео материјал каде се зборува на темите семејство и уметност.