Мајк Тајсон во промотивно видео го најави реваншот во тешка категорија помеѓу Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури кој е закажан за 22-ри февруари. Легендарниот поранешен шампион во тешка категорија го започнува клипот со неговиот познат цитат, „Everybody has a plan before they get punched in the mouth”.

Со видео од првата борба што се оди во позадина, бокс иконата додава: „Вајлдер го уништи, го ослободи пеколот, гневот на ѓаволот во ракавиците. Но Фјури не е ангел. Ангелите не се враќаат. Воскреснувањето на Фјури ја промени судбината на двајца борци засекогаш. Сите знаат што доаѓа. Но, никој не знае како ќе се одвива.”