Едноставната Т-маица е една од најпознатите потценети нешта во машката гардероба. Откако ќе помине летото, најчесто се крие под потоплите слоеви, па иако и се посветува помалку внимание отколку на горната облека, таа е сеуште таму, постојано.

Имајќи го тоа предвид, полесно е да ги одржувате работите едноставни и лесни, особено ако го прифаќате актуелниот лого тренд, што, многу често може да направи да изгледате како да сте тинејџер.

Но, доколку сте по минималистичкиот изглед, има многу начини да си поиграте со принтови што ќе додадат допир на вкус на вашата облека. Печатеното не мора да бидат гласно или надмоќно – едноставноста може да додаде друга димензија, да омекне елегантен изглед или да донесе дополнителен став на поедноставните аутфити.

Подемот на маицата со натпис

Во последниве години, со растотот на трендовите на уличниот изглед кои се инфилтрираа во модатата, заедно со звучните брендови кои произведуваат ретро, ​​сатирични и единствени дизајни, графичките принтови се вратија на подостапен и посакуван начин.

Реномираните модни куќи со иконични печати, логоа или амблеми како Kenzo, Gucci, Saint Laurent и Burberry имаат растечки интерес за ова парче, поставувајќи ги нивните дизајни во најновите колекции, враќајки го на едноставен начин идентитетот на маицата со натпис.

Јасно е дека носталгијата е во срцето на овој тренд. Потсетувањето на нешто што би го купиле кога сте биле помлади. На дизајнерите сега им е добредојдено да копаат по архивите и да реиздаваат икони со логоа.

Сега е интересно како овој тренд стана референца самиот на себе, при што дизајнерите на луксузни производи ги менуваат своите логоа за да се појават како лажни. Модата е чудна игра.

Начини да ја облечете маицата со слоган

Маица со лого

Деведесеттите години како инспирацијата се сеприсутни во модата овие денови и сега се појавуваат и во форма на лого. Вообичаените основи на брендовите за широка потрошувачка сега се усвоени од дизајнерите на големите модни куќи, кои извршија рација во архивите за да можат старите икони и амблеми како големи и смели да ги стават во центарот, за да бидат јасно видливи. Брендирањето е она што се искажува тука, па затоа чувајте ги работите едноставно и минимално како на пример маица под блејзер за ултимативно смарт кежуал варијанта.

Креативни наслови

За оние со чувство за иронија, сатирата нема да изостане. Го имаме видено како забавно и испреплетено со носталгија кај некои брендови, кои ве претвораат во подвижен транспарент (изгледа подобро отколку што звучи). Држете ги работите необични кај овој изглед- одлучете сè за некои тренерка пантолани и класични патики.

Маица со бендови

И покрај тоа што е основа во гардеробите на најстрасните ученици во музиката од 70-тите години на минатиот век, бенд Т-маицата, деновиве, поседува стил со сериозен респект. Модно-освестените звезди како Џастин Бибер и Канје Вест се големи фанови на овој тренд, вмешувајќи се во ретро производите со нови дизајни или создавајќи свои линии инспирирани од претходните бендови.

Второто значење на брендот Yeezus, во типографски стил на Металика – секогаш биле бендови од рок и панк движења кои се покажале како најплодни кога станува збор за претворање на музички меморијали во пожелна облека.

Прегратка на естетското – држете сè до монохроматски тонови и изберете полабава варијанта. Облечете ја слоевито над маица со долги ракави во контрастна боја за да ја задржите графиката во средиштето на вашата облека и со тесни или распарани фармерки за да вистински го затемелите аутфитот и ако сакате уникатен изглед.

Клучот е во стајлингот.

Целосен принт

Кога принтовите ја покриваат целосно маицата, тогаш колку е помала графиката толку е подобро – премногу голема шара ќе даде изглед на облека за покрај базен (како најубавите кошули за одмор на вашиот татко). Секако, како за најбезбеден принт би можеле да се определите за класичен бретонски, но за повеќе сатарично авантуристички, обидете се со геометрија и опции во колор.

Нека не ве збунува ваквото шаренило – полесно е отколку што изгледа да се искомбинира во Вашиот секојдневен изглед. Едноставно, вметнете го под елегантна Оксфорд кошула или бомбер-јакна во комбинација со елегантни панталони под ременот за да графиката додаде допир на карактер на клот облеката.

Обратно печатење

Обратното печатење е стилски скапоцен камен, кој лесно се занемарува, но обезбедува совршен влез на печатењето за вљубениците во минималистичкото – воглавно затоа што се работи за потполно бизнис однапред и забавно одзади. Но, само затоа што принтот не е на градите, не значи дека не изразува толку силен став како голем и смел амблем.

Всушност, со печатењето одзади, си давате поголемо и подобро платно за да го прикажете Вашиот артистички избор. Овие работи најдобро функционираат кога се наоѓа на силуета со долги ракави (што можете да направите за да избегнете нафрлање на друг слој над горниот дел и да го покриете печатењето). Меѓутоа, доколку треба да наметнете јакна, нека маицата биде во силна боја нијанса, а надворешниот слој во темна нијанса.

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.