Macallan 1926 е најскапото шише алкохол некогаш продадено на аукција. Конкретното шише за кое станува збор е редок примерок на Macallan 1926 стар 60 години,а чуван во буре 263.

На 24 октомври на аукција во Sotheby во Лондон, пијалокот достигна цена од 1.9 милиони долари, со што го сруши претходно поставениот рекорд на Christie од 1.2 милиони долари. 

Само 40 такви шишиња постојат во светот, а 14 од нив се означени со fine and rare. На аукцијата биле продадени 460 шишиња виски, веројатно сите од еден колекционер. Заедно, достигнале цена од 10 милиони долари.