Mеѓународното студио за дизајн, MA-DE, носи целосно електричен концепт на Fiat 126 наречен „Fiat 126 vision“. Оваа надоградба ја зачувува класичната форма на автомобилот, со додадени глатки и заоблени финиши. Автомобилот Fiat 126 за прв пат бил претставен во 1972 година на автосалонот во Торино како замена за Fiat 500, а во производство останал до 2000 година.

Замислата на MA-DE за овој доста успешен модел на италијанскиот автомобилски производител е да не го изгуби својот идентитет и препознатливост. Задржаните контури на возилото се зајакнати со неколку стилски елементи како што се, закосен покрив и квадратни фарови кои доминираат.