MA-DE дизајнираше уште едно италијанско возило и го создаде концептот Vespa ELETTRA, кој претставува електрична верзија на иконската Vespa. Концептот е инспириран од оригиналниот Piaggio Vespa, патентиран на 23 април 1946 година, продаден во над 18 милиони единици во различни изданија и модели до денес.

Оваа нова Vespa ELETTRA е опремена со електричен мотор од 7 kW со вртежен момент од 240 Nm, максимална брзина од 95 километри на час и им овозможува на возачите да поминат до 140 километри со едно полнење. Апликацијата, која е достапна преку смартфон, дејствува како клуч и како активна виртуелна табла за контрола на сите податоци и поставки за навигација.

Ко-основачот на студиото, Andrea Della Vecchia, за концептот ќе каже: „Силно верувам во движењето кон електричната мобилност. Прашање на време е, не само за автомобилите, туку и за скутерите и малите алатки за урбана мобилност.