Доделувањето на наградите од изборот на „М Магазин“ потрага по вистинскиот маж на годината завршува за помалку од 48 часа. На Гала свечената вечер на 15-ти март 2019-та, во салонот на МНТ ќе се одржи изборот на првиот „М Маж на Годината”, во организација токму на „Машки Магазин“.

Петнаесетчленото жири составено од редакцијата на Машки Магазин, но и десетина релевантни личности од јавниот живот: Виктор Кошевалиски, Снежана Богдановска – Сани, проф. Филип Фидановски, Јасминка Павловска, ИФББ Про Мирко Петровски, Влатко Кошевалиски, Тања Кокев, Иво Јанковски, Чедо Поповски, Младен Ѓуровски, Радмила Павловска, Сретен Костиќ и Изет Цури ќе одлучуваат во пет предвидени категории( со по тројца финалисти) во изборот: Маж на годината (Гран при), Урбан Маж, Спорт, Култура, Бизнис, Маж по избор на жените и Автомобил за вистинскиот маж во изминатава година.

Дополнително е предвидена и ревијалната категорија „Најпосакуван маж од жените“ за која „Машки Магазин“ ќе одлучува во соработка со мaгазинот „Убавина и здравје“.

Во духот на тежнеењата на магазинот чии настојувања се подигање на квалитетот на животниот стил на македонскиот маж, ова е годишно ( со намера да стане традиционално) заокружување на заложбите на списанието за промовирање на инспиративни машки ликови кои се вистински примери, инспирација и мотивација за освојување на статусот современ џентлмен.

Со високо позиционирани кретериуми како: високи професионални достигнувања, неприкосновени морални квалитети, квалитетен животен стил, широк спектар на животни интереси, развиено естетско чувство, емпатија и социјални заложби но и малиот но пресуден додаток-харизматичност , селекцијата е остра и мошне компетативна а со тоа и возбудлива до самиот крај- објавувањето на резултатите.

Во тој дух е замислена и финалната свечена церемонија на додела на наградите, каде како и на секоја манифестација од ваков калибар се акцентира инсистирањето на формалниот „black tie“ дрес код, како настојување за враќање кон подзаборавената култура на однесување.

Листа на финалисти:

Гран При
МАЖ НА ГОДИНАТА:

  1. Никола Ристановски
  2. Игор Божиновски
  3. Милчо Манчевски

Категорија
УРБАН МАЖ:

  1. Бујар Муча
  2. Мартин Пановски
  3. Сатја Грабулоски

Категорија
СПОРТ:

  1. Роберто Гарсија
  2. Владо Илиевски
  3. Кирил Лазаров

Категорија
КУЛТУРА:

  1. Дино Имери
  2. Џијан Емин
  3. Дуке Бојаџиев

Категорија
БИЗНИС:

  1. Игор Божиновски
  2. Илија Малинковски
  3. Робин Зимбаков

Категорија
МАЖ ПО ИЗБОР НА ЖЕНИТЕ:

  1. Марјан Петров

Категорија
АВТОМОБИЛ ЗА ВИСТИНСКИОТ МАЖ