Периодов преовладува половата неутралност (genderless) како тема во последните неколку сезони во модната индустрија. Најновите унисекс вести пристигнуваат од Louis Vuitton. Француската модна куќа претстави колекција извонреден накит насловена LV Volt наменета за сите.
Како што и се очекуваше, иницијалите на брендот се појавуваат секаде низ парчињата од колекцијата. Всушност овде иницијалите „L“ и „V“ се метафора за за енергија и симбол за брзина, па поради тоа е додадена наставката „Volt“. Колекцијата LV Volt вклучува триесет и шест унисекси парчиња накит што можат да се мешаат и да комбинираат по ваша желба.