Со помош на рендген, инфрацрвени зразци и напредна VR технологија, посетителите на Лувр ќе може да уживаат во 3D верзија на маестралното дело на Да Винчи.

Освен тоа што ја нацртал Мона Лиза, ренесансниот сликар Леонардо Да Винчи бил и врвен дизајнер и иноватор чии дизајни се и денес релевантни. Знаејќи го ова, веројатно е и нормално што музејот Лувр разви нова технологија која ќе го смени начинот на кој ги перципираме сликите и уметноста воопшто. 

Лувр

Во партнерство со HTC Vive arts, Лувр ја претставува Mona Lisa: Beyond the Glass, 3D VR искуство создадено во чест на 500 години од смртта на Да Винчи. Програмот е дело на производителот на витруелна реалност, Emissive, кој е познат по работата во културниот свет. 

Живописната работа на уметникот, потезите со четката, светлото се претставени со неверојатна посветеност кон деталите. За оние кои нема да се во можност да ја посетат изложбата, ќе имаат можност да го сторат преку платформите на VR.