Серијата Lupin во продукција на Netflix, е модерна верзија на саканиот француски крадец џентлмен, а веќе се соочува со голема популарност на најпознатиот стриминг сервис. Со 70 милиони прегледи на светско ниво во својот прв месец, Lupin е нов рекордер кога станува збор за француските серии.
Според актуелните трендови, серијата во која главната улога ја има Омар Сај од Untouchable филмот, го надмина најголемиот блокбастер на Netflix во последно време, The Queen’s Gambit, кој има 62 милиони прегледи, како и други хитови од англиско подрачје, вклучително и Bridgerton.
„70 милиони, тоа е лудило. Навистина сум горд што Lupin е првата француска серија која доживеа ваков меѓународен успех“, напиша Омар Сај на Twitter.
Само половина од 10-те епизоди од првата сезона се достапни на Netflix, а веќе е на врвот на гледаност во околу 10 земји, вклучително Бразил, Виетнам, Аргентина и Шпанија. Книгата од 1905, врз која е начелно базирана оваа серија, „Arsene Lupin – Gentleman Burglar“, од страна на францускиот писател Морис Леблан, стана најпродавана книга на Amazon.fr од објавувањето на серијата.
Одличен прием кај публиката
Во серијата, базирана во модерен Париз, Сај го игра Асане Диоп кој го користи џентлменот крадец и мајстор за прикривање како своја инспирација во својот поход да го одмазди својот татко за неправдата направена од страна на едно богато семејство. „За актер, Lupin е совршеното нешто. Неговата ролја е драматчна, но исто така и лесна, смешна, привлечна и исполнета со акција“, изјави Сај.
Серијата која е продуцирана од Gaumont, во најголем дел е напишана од Британецот Џорџ Кај, чии претходни дела се Killing Eve, Criminal и The Hour, а помош за новиот хит доби и од Французинот Франсоа Узан, авторот на француската серија Family Business, уште една продукција на Netflix.
Lupin доби и одлични критики, пред се од The Globe и Mail кои ја опишуваат серијата како величенствена, додека Chicago Tribune вели дека „бондовата елеганција на Сај и неговата харизма ве држат фокусирани на серијата“.