Нема споредба помеѓу преполните аеродромски терминали и импресивно луксузните аеродромски лаунџ барови кои ве водат на едно повисоко ниво. Постојат врвни аеродромски лаунџ барови со ресторани и барови кои обично се резервирани за патниците со длабоки џебови и билети од прва класа. За момент заборавете на чекањето и проверете ги овие раскошни лаунџ барови каде „луксуз и гламур” се името на играта.
CATHAY PACIFIC
Овој лаунџ бар кој се наоѓа на меѓународниот аеродром во Хонг Конг, со површина од 2.053 метри квадратни е инспириран од азиската култура. Просторот е облагороден со украси од орев и бронза. Покрај ресторанот овој лаунџ бар има и своја библиотека и дел посветен за масажа на стопалата. Деловниот центар е наменет за работохолиците. За оние кои сакаат навистина да се одморат “The Retreat” е дел кој има осум приватни апартмани.
LUFTHANSA FIRST CLASS LOUNGE
Дрвените ѕидови, стаклените површини и земјените тонови создаваат атмосфера на елегантна софистицираност. Во овој лаунџ бар кој се наоѓа на меѓународниот аеродром во Франкфурт, оплеменет со мебел инспириран од средниот век изработен во Италија, има импресивен избор од 150 сорти вискија и седум врвни брендови на шампањ. Сместен во посебна зграда, Lufthansa first class launge има свој cigar lounge, приватни канцеларии, приватни бањи со кади и ресторан каде менито се менува сезонски.
EMIRATES FIRST CLASS LOUNGE
Во вистински блескав стил на Дубаи, со мини фонтани, широка палета на златна и црвена боја, винарска визба, кафе бар, коктел бар…
QANTAS FIRST LOUNGE
На околу 2.000 квадратни метри, предводникот на првата класа на Qantas e целосно дизајниран целосно по принципите на Фенг Шуи, отстранувајќи ги сите остри агли во целиот простор. Сместен на меѓународниот аеродром во Сиднеј, Австралија, овој лаунџ бар е простор каде се величи благосостојбата и има 8.500 растенија во вертикална градина. Мермерот кој се користел за да се направат ѕидовите и подот потекнуваат од истиот каменолом во Италија што Мајклеанџело го користел за своите скулптури.