Златото не е наменето само за да се носи. Некои ресторани за да го потенцираат луксузот на тоа што го приготвуваат додаваат злато. Украсувањето со златни листови го подига на поинакво ниво она што и така е извонредно и се смета за храна за уживање.

KARRAT Choux Donut Ова воопшто не е ни крофна, туку е профитерол во форма на крофна исполнет со Мадагаскар ванила-крем облечен во 24 каратно злато. Цената на еден ваков десерт е 100 американски долари.

Berco’s Popcorn Оваа слатко-солена закуска е направена со карамела и сол покриена со златни снегулки од 23 каратно злато. Една голема метална кофа од овие пуканки чини 250 американски долари.

злато

24K Gold Mini Croissants Го сакаме вкусот на обичен кроасан. Но оваа порција од пет кроасани кои доаѓаат во три различни вкусови изгледа прекрасно, бидејќи добивате еден кроасан цел обложен во злато, додека другите имаат една половина обложена во 24 каратно злато а другата половина е обложена или во бело или во млечно чоколадо.

Golden Phoenix Овој „капкејк“ кој се служи во Bloomsbury’s, Дубаи, е посебен бидејќи за овој десерт е потребно да дадете известување од 48-часа претходно за да се подготви. Покрај 23 каратното злато за овој десерт се користи и квалитетно Италијанско чоколадо и јагоди обложени во злато. Цената на еден ваков колач е 1.000 американски долари.