Знаеме колку славните личности ги сакаат своите луксузни додатоци. Часовниците се посебно битни кај славните личности мажи, па поради тоа парите кои ги трошат за да уживаат во вакво задоволство не се битни. Еден кам-бек на славните личности и забележаните луксузни часовници кои ги носат.

Рафаел Надал-Richard Mille RM 27-03 И покрај тоа што Вимблдон 2020 е откажан, Надал одржува кондиција на свој терен. На тренингот е забележан со луксузиот часовник Richard Mille RM 27-03, кој е дизајниран за носење додека спортувате, бидејќи може да издржи 10.000 G. Моделот РМ 27-03 е ограничена серија од 50 парчиња, и чини 725.000 американски долари.

 

Дејвид Гета- Audemars Piguet Royal Oak Extra-Thin 15202OR На сликата која ја има постирано како сурфа на некое егзотично место може да се забележи дека познатиот Дејвид Гета на раката носи Piguet Royal Oak, часовник од злато. Овој часовник се напојува со калибар 2121 од самостојно производство и има почетна цена од 70.000 американски долари.

Кристијано Роналдо-Franck Muller Cintree Tourbillon Часовник направен специјално за познатиот фудбалер. Часовникот е направен од бело злато и дијаманти, и е единствен ваков часовник во светот. Според шпекулациите часовникот чини неверојатни 1,5 милиони американски долари.

Одел Бекам Јуниор- Richard Mille RM 11-03 „McLaren” Додека позира на неговиот Cullinan, Одел на раката носи часовник кој е создаден за автомобилските фанатици. Брутален, спортски часовник кој чини 300.000 американски долари.

Флојд Мејведер-Audemars Piguet Royal Oak OffShore 26215 T3 Поранешниот боксер на неодамнешната фотосесија за BOOHOO се појави со семоќниот Audemars Piguet Royal Oak OffShore 26215 T3 часовник. Овој часовник беше претставен во 2015 година, а се одликува со T3 заштитник на копчињата и над илјада дијаманти. Цената на овој часовник е околу 325.000 американски долари.