Производителите на луксузни часовници знаат што сакаат нивните купувачи. Но исто така знаат и како да го привлечат вниманието на новите купувачи и да ги претворат во лојална клиентела нудејќи не само дизајн туку и квалитет кој доаѓа од благородните метали кои ги користат за нивна изработка.

Платина Поскапоцено и потрајно од златото, платината е погустиот и пореткиот метал, кој во исто време и потежок за изработка. Овој тест за занаетчиство се рефлектира во цената и само најисклучителните часовници добиваат можност и оправданост за овој метал, меѓу кои и Cartier Tank Asymétrique. Ограничен на 100 нумерирани парчиња и дел од колекцијата на Cartier, Privé, овој екстра-голем модел со димензии 47,15мм на 26,2мм направен од платина има круна Ruby Cabochon (рубин сечен со посебна техника) има 1917 MC калибар, дело на куќата.

 

 

Damascus титаниум Покрај 12-те микро скулптури на витези од злато, петтото издание на Roger Dubuis 45mm Excalibur Knights се издвојува по својот уникатен материјал. Уникатноста на овој метал доаѓа од неговите карактеристики, двојно полесен од челикот, но 30% поотпорен. Ограничено издание со 28 парчиња, часовникот е опремен со само-намотувачки калибар RD821 и носи ознака за квалитет Poinçon de Genève.

Moonshine злато Заштитениот Moonshine Gold на Omega за прв пат беше откриен во 2019 година на Speedmaster Apollo 11 50th Anniversary Limited Edition. Уникатната легура на 18к злато е побледа и потопла од традиционалното жолто злато благодарение на додавањето на паладиум, што го прави поотпорен на избледување што се случува со текот на времето со стандардното жолто злато.

Титаниум Брзо станувајќи материјал по избор за спортски часовници, титаниумот е полесен за 40%, но е далеку потрајен и поскап во споредба со челикот. Бидејќи легурата отпорна на корозија со темно сива завршница може да се пофали со немагнетни својства, тоа го прави соодветен избор на пилотите а најпознат е Longines Avigation BigEye Titanium. Со „petrol blue“ основа, куќиште од 41 милиметар и L688 калибар претставува совршен модерен избор на часовник.

луксузни часовници

Honeygold Одликувајќи се со единствена нијанса што личи на златната течност произведена од пчели, Honeygold е резервиран за најексклузивните часовници на A. Lange & Söhne, со само осум ограничени изданија. Многу потежок од другите легури на злато и платина, и извонредно тежок за обработка. Ова го прави патентираниот материјал, чија точна формула останува производна тајна, исклучително отпорен на оштетување. Ограничен на 100 парчиња, Rattrapante Honeygold од 1815 година е првиот модел на A. Lange & Söhne кој доаѓа во комбинација на Honeygold со црно обоена основа од сребро.

луксузни часовници

Алуминиум Иако е широко користен во тешката индустрија, како што се автомобили, воздухопловство и друго, алуминиумот ретко се користи во часовничарството. Освен што е полесен од челикот, оваа обоена легура може да се пофали со супериорна отпорност на корозија. Bvlgari Aluminium Chronograph, добитник на наградата Grand Prix d’Horlogerie de Genève, доаѓа со куќиште токму од овој материјал во димензија од милиметри во кого е сокриен B130 калибар.

Lucent Steel A223 Хипоалергичната легура е направена со повторно топење на челик на висока температура со дополнителни состојки за да се добие Lucent Steel A223, што е 50% потешко и поотпорно на абење. Различен по сјајна завршница што дава етерична блескавост, Lucent Steel A223 е развиен исклучиво од Chopard во партнерство со Voestalpine Böhler. Chopard Alpine Eagle XL Chrono има 44 милиметарско куќиште од благородниот материјал, COSC-сертифициран, со само-намотувачкиот механички калибар Chopard 03.05-C.

Magic Gold Целосно развиен и патентиран од Hublot, овој вид на злато е првата и единствена легура на 18к злато отпорна на гребење што ја одржува својата убавина, сјај и полиран изглед со текот на времето. За да се постигне својата револуционерна цврстина, керамичкиот прав наречен бор карбид се компресира во калап пред да се загрее на 2.200 степени Целзиусови. Ограниченото издание од 50 парчиња, Hublot Big Bang MP-11 Magic Gold може да се пофали со куќиште од 45 мм направено од сопствената легура на злато што содржи HUB9011 калибар.