Љубителите на Formula 1 се радуваа на последната трка во Абу Даби, иако беше јасно дека главниот фаворит е Хамилтон.

Со агресивно и доминантно возење, Луис Хамилтон го обезбеди и првото место на последната трка за сезонава кој се случи во Абу Даби. Возачот на Mercedes ја заврши трката со време од 1:34:05, а зад него завршија Макс Ферштапен и Шарл Леклер.

 Ова за Хамилтон е 11 победа од 21 трка во сезонава. Има остварено вкупно 84 победи, со што се наоѓа на 6 место на листата рекорди, каде предводник е Михаел Шумахер. Хамилтон ја изрази својата гордост кон својот тим и тимот на Mercedes кој безусловно го поддржува.