Tommy Hilfiger го одбра Луис Хамилтон за глобален амбасадор на за новата рекламна кампања и колекција на компанијата. Колекцијата го доби името TommyXLewis и се состои од прекрасни парчиња облека. Станува збор за спортска колекција која содржи тренерки, шорцеви, дуксери, маици, но исто така и чорапи, обувки и други аксесоари. Колекцијата е разновидна со јаки и необични бои наменета за луѓе кои ја сакаат спортската елеганција.