Луѓето кои уживаат во скијањето како спорт, многу помалку имаат шанси да страдаат од депресија и анксиозност и се посреќни во животот. Вака велат последните истражувања.

Скијањето е спорт кој го соединува човекот со природата, кој овозможува да дишете чист воздух и да уживате во прекрасни глетки. Иако постои ризик од повреди кои екстремните спортови ги носат со себе, најново научно истражување покажува дека 70% од луѓето кои скијаат се помалку депресивни и далеку посреќни од луѓето кои не го практикуваат скијањето. 

Причина за ова, според истражувањето е и зголемената физичка активност со која се излачува поголемо количество серотонин, но и амбиентот во кој човек се наоѓа додека скија. Според експертите, луѓето толку многу се заситени од градовите и бетонот, што бегството во природа им причинува огромно задоволство, а скијањето дава најголеми резулати за релаксација на телото и умот. 

Се согласуваат дека станува збор за прилично скап спорт, но советуваат барем неколку дена во годината да одвоите за квалитетно скијање, како би го зголемиле и квалитетот на својот живот.