Ако имате навика да комуницирате користејќи емотикони, истражувањата покажуваат дека имате повеќе секс од останатите.(намигнато лице)

Според едно истражување, лицата кои не се плашат да ги користат емотикони при својата сајбер комуникација, имаат повеќе секс и излегуваат на повеќе први состаноци. 

Ако се прашувате зошто, одговорот ќе го најдете во комуникациските вештини. 

Истражувањето кое имало задача да ја најде поврзаноста меѓу употребата на емотикони и романтичните и сексуални можности, вклучувало 5.324 сингл Американци. Испитаниците биле на возраст меѓу 18 и 94 години, а од нив било побарано да одговорат дали користат емотикони во својата комуникација и зошто. Од нив исто така било побарано да одговорат на колку состаноци биле изминатите 12 месеци и да ја наведат фрекфенцијата на сексуални односи. 

Околу 30% од испитаниците изјавил дека користат емотикони редовно при комуникација со потенцијални партнери, а од нив 53% го прават тоа бидејќи емотиконите ѝ даваат на пораката повеќе емоции. 24% велат дека на тој начин полесно изразуваат чувства, а за 20% претставуваат полесен начин на комуникација, за разлика од цела пишана порака. 

По разгледување на податоците добиени од истражувањето, истражувачите заклучиле позитивна корелација меѓу емотиконите и зголемениот број сексуални активности и состаноци. 

Ова покажува дека науката е на ваша страна. Грабнете телефоните и внесете малку шаренило во текстуалните пораки.