Lufthansa, германската авиокомпанија, создаде истражувачка група која истражува создадење на авионско гориво со употреба на концентрирана сончева светлина, со помош на Швајцарскиот Федерален институт за технологија Цирих (ETH Zurich), Clime-works и Synhelion.

Истражувачите и инженерите на ETH Zurich веќе развиле процес со кој тие можат да извлечат јаглерод диоксид од атмосферата кој заедно со вода и концентрирана сончева светлина се претвора во „синтетички гас“ за производство на авионско гориво притоа ослободувајќи онолку CO2 колку што претходно е екстрахирано од атмосферата.

За разлика од традиционалното гориво кое добиено од сурова нафта, ова ново сончево гориво би можело да се обновува. Според Solar Fuels Network сончевата светлина може да се користи за да се „водат хемиски реакции што прават горива, складирајќи ја сончевата енергија во форма на хемиски врски“.

Во соопштението на Lufthansa се вели: „Едноставно, можеме да користиме сончева светлина за да направиме хидроген- чисто, обновливо гориво. Можеме да користиме и сончева светлина за да го претвориме јаглерод диоксидот во корисни горива. Главниот предизвик на истражувањето е да се развијат технологии кои ефикасно ја претвораат сончевата енергија во „соларни горива“ (на пример хидроген или метанол).”

Алдо Штајнфелд, професор во ETH Zurich вели: „За разлика од другите начини на транспорт, воздушниот транспорт ќе зависи од одржливи течни горива во блиска иднина. Нивната промоција на пазарот бара заеднички напор од производителите на гориво и авиокомпаниите.“

Lufthansa е компанија која со години напорно работи на правење на поодржливи летови заедно со своите иновативни партнери и современата технологија. Од август 2019 година, Lufthansa ја користи и интернет платформата Compensaid.