Изборот на совршена кола е приближно ист на избор на главна женска улога. А холивудските режисери тоа многу добро го знаат. Совршено добро дозирање на адреналин, дизајн и приказна во комбинација со мистичност, префинетост и забава. Не попусто автомобилите секогаш играле главна улога во Холивуд – без разлика дали станува збор за трки, Бондовски маневри или едноставен приказ на елеганција и луксуз. Но знаете ли кои се култните автомобили кои го оставиле својот печат на филмското платно?

1932 Ford Model B Deuce Coupe

Жестоко жолтиот Ford своето деби го имаше во филмот American Graffiti од 1973 година. Режисерот Џорџ Лукас, бара прилагодување на овој модел со цел да го разбуди уличниот стил од своето детство. Лоши момци облечени во стилот на Џејмс Дин, ‘60ти, улично крузање, Калифорнија – централен мотив во филмов, каде покрај Пол Ле Мат главна улога има токму оваа жолта ѕверка.

автомобили

1963 Aston Martin DB5

Шон Конери во улогата на Џејмс Бонд во Goldfinger во 1964 година. Секси таен агент со персонализирано возило кое однадвор делува префинето, а во себе крие автоматско оружје, ротирачки регистрации, замаглени стакла и мал милион алатки прилагодени за потребите на господинот Бонд. Овој модел се појавува во Thundеrball, Casino Royal и уште многу други Бонд филмови, претворајќи се во синоним за 007.

Еден од двата DB5 кои биле користени за потребите на филмовите е украден од хангар во Флорида (заедно со сите гаџети кои ги поседувал) во 1997 година, додека другиот е продаден на аукција во 2010 за неверојатни 4,6 милиони долари.

автомобили

1963 Modena Spyder

Црвеното Ferrari со отворен покрив се појавува во 1986 година, во филмот Ferris Bueller’s day off, a  истото е реплика на легендарното Ferrari 250 GT, комбинирано со моќен 1963 Fоrd V-8 мотор. За потребите на филмот режисерот Џон Хјуџ побарал да бидат изработени три во рок од четири недели. Еден од нив останал запаметен!

1963 Volkswagen Beetle (Herbie)

Дизни на аудиција ги викнале Toyota, Volvo и уште неколку британски спортски автомобили, пред улогата на „Herbie“ да ја добие битлсот на Volkswagen. Продуцентот на Дизни го одбира бројот 53, во чест на популарниот бејзбол играч Дон Драјсдел. Слаткиот автомобил со истакнат карактер бил ‘појачан’ со мотор на Porsche 356, сепак неговата цена не го достигнала небото, а Herbie бил продаден на аукција во 2015 година за 126.500 долари.

автомобили

1966 Ford Thunderbird

Се појавува во култниот филм Thelma & Louise во 1991 година, покрај него се појавуваат Бред Пит, Џина Дејвис и Сузан Сарандон. За потребите на филмот биле користени 5 тиркизни автомобили од овој модел, а еден од нив (дополнет со автограми на Бред Пит и Џена Дејвис), бил продаден во 2008 година на аукција за само 71.500 долари.

автомобили

1967 Shelby Mustang GT500 Fastback (Eleanor II)

Автомобилот на Николас Кејџ во Gone in 60 seconds, бил направен во 11 примероци за потребите на филмот, а само 3 од нив биле во возна состојба. Една од тие три убавици (400 коњски сили и Ford V8 мотор), е продадена во 2013 година по цена од 1,07 милиони долари, додека останатите две за 200.000 и 100.000 долари.

1968 Ford Mustang 390 GT Fastback

Култната автомобилска трка во филмот Bullit, низ ридовите на Сан Франциско, полна адреналин и тензија, траеше само 10 филмски минути, а за да се сними истата биле потребни 4 недели. Зелениот Mustang бил специјално опремен за потребите на филмот како би можел да ги амортизира сите нерамнини и трескања низ ридовите. Оттогаш, Ford има направено уште неколку лимитирани серии од овој модел за комерцијална употреба. Еден од оригиналните автомобили кои се користеле во филмот исчезнал кратко по снимањето, но пред неколку години The Los Angeles Times, објавија дека неколку реставратори тврдат дека го нашле оригиналот на ѓубриште во Мексико. Од Ford го потврдиле  „идентитетот“ на автомобилот.

1970 Dodge Charger R/T

Црниот ѕвер на Вин Дизел, muscle car со големо М, кој зад дрскиот изглед крие сентиметална приказна раскажана во Fast and Furious во 2001 година. Епската трка меѓу неонски портокаловата Supra на Пол Вокер и црниот убавец на Дизел, се смета за една од најпознатите филмски автомобилски трки. Понатаму и нема што да се зборува!

1976 Lotus Esprit

Можеби симбол на 007 е Aston Martin, со сета своја импресивна колекција на шпионски гаџети, но она што недостасува е дека овој автомобил не може да плива. Десетиот Бонд филм порај диско филмска музика, руски шпион и необичен негативец, го претставува и „Wet Nellie,“ футуристичен Лотус запаметен по моментот кога без проблем нурнува во вода и се трансформира во своевидна подморница, без проблем подоцна испливува на плажата и продолжува да вози како најнормална кола. Lotus своето место во историјата на 007 го добива на интересен начин, имено ПР менаџерот на Lotus, кога слуша дека се подготвува нов Бонд филм, стратешки го паркира возилото пред канцеларијата на продуцентот Алберт Брокули, сè со цел да му го привлече вниманието. Верувале или не, успева!

1982 Delorean DMC- 12

Џон Де Лореан можеби е еден од најголемите визионери кога станува збор за автомобилското инженерство, контроверзна личност, но неговата креација DMC-12, која нуди футуристичко возење, останува како еден од најпознатите автомобили во филмската индустрија појавувајќи се во Back to The Future, a истиот се продава во 2011 година на аукција по цена од 541.200 долари.