Музичката група Љубојна, за прв ќе одржи акустичен (unplugged) концерт кон крајот на декември.
Македонската публика на 22 декември со почеток во 19 часот, во просториите на Националната опера и балет ќе има можност да биде дел од првиот акустичен концерт на групата Љубојна. Ова е вистинска шанса домашната публика да ужива во хитовите на Љубојна. „Севдо Ле“ е моменталниот актуелен хит на групата кој го освојува етерот. Овој настан е пригода за предновогодишно дружење со љубојна во уникатна атмосфера.
Влезниците се во продажба од петок, 22.11.2019 преку продажната мрежа на kupikartizase.com