Колекцијата насловена „Message in a Bottle” беше претставена пред публиката на модна ревија која се одржа на пристаништето во градот Пудонг, каде што моделите се појавуваа од контејнери за испорака украсени со ликовите од „Zoom with friends”. Колекцијата го означува почетокот на новото поглавје на Вирџил Абло во Louis Vuitton, која претставува мотивација за позитивни промени во општеството и промовирање на идеи за инклузивност, единство, разновидност и индивидуалност. Сето ова е поттикнато од самиот факт за прифаќање на реалноста за себеси како „Црнец” во француска луксузна модна куќа.

„Под мое уметничко раководство, јас ги гледам моите колекции за Louis Vuitton како моја платформа на нијанси. Се стремам да ја користам модата да ги рефлектирам и да влијаам на идеалите за инклузивност, единство и хуманост. Преку нијансите, верувам во оставање на мој белег со стил и грациозност“- изјави креативниот директор на брендот.

Louis Vuitton

Следејќи ја темата за промоција на прогресивните вредности, дизајнерот ја вклучува модната куќа кон користење на поодржливи практики со воведување на иницијативата наречена „Upcycling Ideology“, каде што концептот за рециклирање се толкува буквално и фигуративно. Како резултат, колекцијата вклучува 25 аутфити направени од рециклирани материјали, и уште 25 кои се повторување од колекцијата FW20.