Уметничкиот директор на Louis Vuitton, Вирџил Абло, ја дизјанираше колекцијата Silver Lockit нараквици која е дел од кампањата #MAKEAPROMISE на Louis Vuitton со цел да обезбеди поддршка на UNICEF (United Nations Children’s Fund).
Инаку Louis Vuitton е компанијат која од 2016 година и помага на UNICEF во собирање на средства за најранливата категорија, а тоа се децата ширум светот. Парите од продажбата на оваа колекција ќе бидат наменети за поддршка на децата погодени од конфликти и катастрофи, вклучително и пристап до вода, исхрана, здравствени услуги и заштита.
Оваа поддршка најмногу ќе им помогне на сириските деца бегалци и нивните семејства, вклучително и оние кои живеат во „host communities” во Египет, Јордан, Либан, Ирак и Турција, како и децата погодени од неодамнешните природни непогоди.
Silver Lockit бразлетната која доаѓа во црна, портокалова, зелена и сина боја е инспирирана од познатиот катанец кој го има измислено Жорж Витон во 1890 година за да ги заштити најскапоцените предмети на клиентите.