Louis Vuitton ја лансираше новата колекција на машки накит и додатоци за тековната сезона. Иконскиот монограм на париската модна куќа се истакнува низ целата колекција.

Колекцијата за додатоци дизајнирана од Виргил Аблох идејата ја црпи од секојдневните функционални додатоци кои ги користиме но со додадена доза на луксуз. Колекцијата ја карактеризираат ремени, приврзоци, очила за сонце, колани, накит и други додатоци направени од кожа и други квалитетни материјали. Секако како што и доликува на оваа модна куќа.