Кога станува збор за луксуз во светот на модата, Louis Vuitton е секогаш врвот. Познатиот париски бренд се издвојува како најлуксузниот моднен бренд со вредност од 47,2 милијарди долари и раст од над 15 проценти во однос на минатата година.
Луксузот според компанијата BrandZ бележи пораст повеќе од која било друга категорија во 2019 година, со 29 проценти, достигна вредност од 171,3 милијарди американски долари.
Голем дел од успехот на Louis Vuitton се врти околу нејзините производи од кожа и неспоредливата креативност, но и на Виргил Абло, уметнички директор во модната куќа од Март 2018. Откако е назначен на позицијата уметнички директор на Louis Vuitton Men неможе а да не се забележат силните колекции кои ја претставуваат културата на Њу Јорк, како и поп-културата.
Доминацијата на француските брендови не заврши тука, Chanel се најде на второто место со вредност од 37 милијарди американски долари, додека Hermes на третото место со 31 милијарда американски долари. Сепак најголем раст со 45%, во однос на минатата година бележи Yves Saint Laurent.
Еве ги 10-те највредни луксузни брендови за 2019 година:
-
Louis Vuitton (47.2 милијарди долари)
-
Chanel (37 милијарди долари)
-
Hermes (31 милијарди долари)
-
Gucci (25.3 милијарди долари)
-
Rolex (8.4 милијарди долари)
-
Cartier (6 милијарди долари)
-
Burberry (4.7 милијарди долари)
-
Dior (4.7 милијарди долари)
-
Saint Laurent/Yves Saint Laurent (3.6 милијарди долари)
-
Prada (3.5 милијарди долари)