Првично претставени на модната писта при презентација на колекцијата за сезоната пролет/лето 2021, овие таканаречени Pillow Boot на модната куќа Louis Vuitton е дизајн кој може да се носи во сите сезони на годината. Удобните чизми доаѓаат во црна, бела и маслинеста боја која го докажува луксузот во поинаква форма носејќи го монограмот на брендот.

Поставени на рамен ѓон, Pillow Boot е целосно изработена од водоотпорен најлон. Иако изгледаат удобно и лабаво сепак внатрешноста има добро обликувана конструкција која ги држи стопалата на место. Врвките се направени од кожа што го истакнува луксузниот момент. Овие чизми ќе бидат достапни за купувачите од 2-ри декември.