Како дел од својата палета на луксузни секојдневни производи, Louis Vuitton сега лансираше и Monogram сет за покер. Инспириран од класичниот Président attaché сет, овој покер сет на Louis Vuitton овозможува удобно носење на вашата игра со карти секаде каде што ќе посакате, а притоа да имате чувство на луксуз.

Louis Vuitton

Нагласувајќи ги своите корени на производство на куфери, овој сет во вид на актовка е произведен од дрво и содржи калсична Monogram база со акценти на природна неизбелувана телешка кожа со детали. Дополнителните детали се во форма на месинг елементи во златна боја, затворач за заклучување и VVN кожна рачка. Внатрешноста на овој сет има црвена обвивка со микрофибер како облога за целокупниот покер сет. Покрај брендираните Louis Vuitton карти за играње, тука се и соодветните чипови, коцки и месингани плочки.

Овој Monogram покер сет на Lоuis Vuitton сега е достапен и на веб-страниците на брендот и се продава на одбрани локации, а цената изнесува 24.000 долари.