Ова колекција за мажи е плод на соработка меѓу дизајнерот на Louis Vuitton Вирџил Абло и легендарниот јапонски дијазнер Ниго. Осмислена како беспрекорна комбинација која ќе ги задоволи сите нивни фанови, ова партнерство е првпат најавено во декември минатата година.

Веста за соработката го привлече вниманието на љубителите на мода а и на многу други, бидејќи мора да признаеме дека соработката е помеѓу дизајнер кој доживеа неверојатен раст и дизајнер на еден од најценетите streetwear брендови во светот Bathing Ape.

Колекцијата кој Ниго го нарече LV2, се ослонува на класичната streetwear силуета така што на паметен начин се интегрирани најпрепознатливите Louis Vuitton елементи. Приоритет на оваа колекција е младиот потрошувач. Во склад со колекцијата креирани се и аксесоари, торби, мокасини, чизми. Колекцијата се очекува да биде во продажба на почетокот на летото.