Минатата сезона, дизајнерот на луксузната француска модна куќа Louis Vuitton, Вирџил Абло играше со машката облека, каубојски капи, костуми, воени јакни… Всушност тој експерименираше со кроевите, принтовите на материјалите. Сличен впечаток се добива и со новата колекција која се опишува како „formal dressing and rave gear“. Овој пат дизајнерот лансираше и еколошка линија, насловена Felt Line, која ги содржи иконските торби на модниот бренд, изработени од мешавина од органски памук, рециклирана волна и рециклиран полиестер.