Louis Vuitton претстави нов елегантен асортиман машка кожна колекција на додатоци насловена LV Aerogram. Инспирацијата уметничиот директор на модниот бренд ја нашол во Аерограмот, коверт, парче преклоплива хартија која овозможува лесен пренос на писма. Продолжувајќи ја темата „Art of Travel” кожните чанти ја отелотворуваат современата визија за патување. Создадена од висококвалитетна црна кожа (Full-grain leather) со чисти линии, колекцијата LV Aerogram вклучува ранец, messenger, sling чанта, tote, чанта за телефон и паричник. Заштитно лице на колекцијата е францускиот модел Alexis Maçon-Dauxerre, додека фотограф на кампањата за промоција на оваа колекција е дуото Melanie + Ramon.