Louis Vuitton следниот месец планира да ја лансира својата шарена колекција од четири парчиња, нуркачки часовници инспирирани од улична облека, насловена Street Diver. Часовникот го користи куѓиштето Tambour на модниот гигант, што е одлика на часовничарството на куќата веќе две децении и има внатрешна ротирачка рамка со 60-минутна скала. Ротирањето на рамката е контролирано од дополнителна круна поставена на два часот. Часовникот е водоотпорен до 100 метри, додека едноставниот систем за ремени кој го има овозможува брзо менување, што значи дека часовникот може да биде прилагоден за секоја пригода. Колекцијата Street Diver на Louis Vuitton брои четири часовници од кои три 44mm, автоматски во боја Skyline Blue, Neon Black и Black Blaze, и еден 39,5 mm кварцен модел во боја Pacific White. Лансирањето на сите часовници се очекува на почетокот на април, кога ќе бидат објавени и цените за истите.