Најфините парфеми и кожни парчиња го направи Louis Vuitton прославено име во светот на модата и луксузот, но во случај досега да не обрнавте внимание на изненадувачкиот и фасцинантен хоролошки напредок на модната куќа, време е да почнете да го правите тоа.

Всушност, новиот Louis Vuitton Tambour Spin Time Air Quantum би бил извонреден во секој поглед, дури и настрана фактот што го носи името LV. Компанијата го унапреди својот Spin Time часовник со осветлувачки концепт базиран на биоосветливост во природниот свет.

Tambour Spin Time Air Quantum нуди осветлување по потреба со притискање на копчето поставено во круната. Секој од 12-те ротирачки фузирани силициумски часовни коцки се осветлени со помош на монтажа од дузина мали LED диоди на батерии кои ги опкружуваат коцките, доведувајќи ја микро-електрониката на механичкиот часовник. Коцките се ласерски изгравирани со матна шема за да се обезбеди оптимална дифузија на светлината низ нивната структура.

Две батерии го напојуваат системот и, врз основа на шест до седум активирање секој ден, треба да траат три години пред да треба да се заменат. Суптилниот осветлен прстен во основата на круната делува како индикатор за траење на батеријата, треперејќи кога има потреба од замена.

На титаниумското куќиште од 42,5 милиметри нанесена е мат црна DLC облога, жолт монограм Super LumiNova нанесен на плочата со бројчаник и амблем, што го реинтерпретира LV монограмот како струјно коло, металиизран на задниот дел кој е изработен од сафирен кристал.

Spin Time системот се одликува со стандардна стрелка за минута, но го означува часот со една од 12-те коцки што се ротира за да го открие лицето кое го издвојува од останатите секој час, во овој случај жолтото станува црно.

Tambour Spin Time Air Quantum е достапен преку Louis Vuitton и неговата цена изнесува 93.000 долари.