На почетокот на годината Louis Vuitton објави дека ги чека тригодишно партнерство со Националната кошаркарска асоцијација (NBA). За прослава на шампионите модниот бренд направи рачно изработен „куфер“ за светски познатиот трофеј. Овој куфер е изработен во историската работилница „Asnières“ со добро познатиот потпис на Louis Vuitton декориран со мотив „V“ во бело со сино и црвено за да го симболизира „Патувањата на победата во Louis Vuitton“.

Дополнително беше откриена и колекција која ги обединува иконските амблеми на машката професионална кошаркарска лига и познатиот моден бренд. Специјалната палета се состои од ограничено издание на облека, кожни производи, додатоци и обувки. Колекцијата ги прилагодува кодовите на дизајнерот со иконографијата на кошаркарскиот универзум и ги почитува вредностите на прилагодливоста.

Како дополнување пак на сето ова е крајно ограничената NBA x Louis Vuitton Trunk, дизајниран да ја смести нечијата најскапоцена облека, додатоци и обувки.