Lightyear One е прототип развиен од страна на тим студенти од Eindhoven University of Technology кој беше претставен во јули оваа година во Јужна Холандија. Lightyear е компанија која е основана во 2016 година и има добиено многу награди за тркачки автомобили на соларен погон.
Но ова е прв семеен автомобил кој го создала. Lightyear One може да собере пет возрасни лица, а просторот за багаж има капацитет од 780 литри. Со пет метри квадратни соларни панели кои се поставени на кровот на возилото за еден час може да се наполни за да постигне опсег од 12 километри, што не е доволно за еден возач.
Но возилото може да се полни и преку вообичаените станици за полнење со што ќе може да се наполни возилото побрзо. Сончевите панели можат да го полнат автомобилот додека е во мирување, но тие исто така го полнат автомобилот и додека е во движење.
Цената на еден ваков автомобил е 135.000 американски долари доколку се нарача веднаш. Иако првите автомобили ќе бидат испорачани дури во 2021 година веќе се резервирани првите 100 автомобили. Соларни автомобили не се нов феномен, но тие допрва треба да ја достигнат комерцијализацијата.