Lightyear One футуристички автомобил на денешницата конкурент на Tesla Model S, развиен од холандски производител. Всушност овој автомобил нуди поголема автономија од Tesla Model S, а е придвижуван од соларни панели со површина од 5 метри квадратни кои се поставени по целата горна површина на автомобилот.

Со едно полнење овој автомбил може да помине 724 километри, додека соларните панели можат да додадат по 12 километри на час на опсегот на возилото. Во моментов цената на возилот од 170.000 американски долари го ограничува. Компанијата Lightyear е основана од Лекс Хофслот во 2016 година кој во тоа време планираше да започне производство на моделот во 2021 година.

Во 2019 година беше лансиран прототип на кој сеуште се правеа тестирања. Климатските промени кои биле водилка за овој визионер го поттикнале да направи огромен скок и да обезбеди „чиста” мобилност. Од компанијата изјавија дека започнува со производство на луксузен модел, со цел покривање на трошоците за развој, но не треба да се заборава и на неверојатните перформанси на самиот автомобил. Сепак плановите се развиваат во насока на создавање и на подостапен модел.