Големо, смело и мултифункционално, се во едно. Домашната теретана за некои е подобра опција па инвестирањето во ваква машина вреди. Life Fitness G7 изгледа како комерцијална multi-gym справа, но верувајте нема да ви недостасува чувството кое го имате при вежбање во фитнес центар.
Една од карактеристиките кои ги поседува оваа multi-gym справа е удобната и цврста клупа. Многу од вежбите што ги правите, се во седечка или лежечка положба, па нормално би било да сакате клупата што може да ве поддржува, а исто така да биде и удобна.
Машината има два реда на тегови, иако првично ова не звучи толку важно, но со тоа ќе можете индивидуално да работите на една страна на телото. За да имате убаво тонирано тело потребен е целосен тренинг на телото.
Прилагодливите сајли не се недостаток кај оваа справа па зајакнување на грбот и градите ќе можете лесно да постигнете. Оваа мултифункционална справа е дизајнирана да го подобри вашиот тренинг за сила.
Со димензии 124 см х 177 см х 211 см и тежина од околу 336 кг, Life Fitness G7, е погоден за домашна употреба. Оваа машина исто така доаѓа со ДВД, во кое има низа вежби, кои можете да ги гледате и потоа да ги следите како да имате личен тренер дома со вас.