Стартот на осумнаесетиот Моден викенд беше пригодно означен со значајниот љубилеј од 20 години дизајнерска работа на нашата реномирана дизајнерка Лидија Георгиева. Новооткриената и луксузна локација на „F.A.M.E.`S”се покажа како исклучително погодно место за да ја долови атмосферата на роденденскиот славенички дух кој провејуваше низ колекцијата, но и во дружењето по ревијата кое го заокружи севкупната прослава. Својата роденденска колекција наречена асоцијативно „Милион милји време“ за дизајнерката е резултат на едногодишно континуирано патување низ Европа.

FWS-MMТемата на колекцијата е уште еден доказ за нејзиниот постојан напор во својата дизајнерска работа за пробивањето на личните и општествените ѕидови и бариери, уживањето во неограниченоста, потрага по слободата, слобода на изразот и силното чувство на слобода. Креациите ги содржат препознатливите елементи на изградениот стил на Георгиева – луксузни материјали, тантели, плетени дизајни, како и отпечатоци. Силуетите се раскошни, боемски и елегантни, а во некои од нив се за прв пат презентирани и дизајни од ексклузивната соработка со францускиот бренд Фејмс – колекција рачно плетени модели.

Моден викенд Скопје продолжува вечерва во Мериот инаку официјална локација на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје, со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk. Вечерва ќе ги видиме и најновите креации на дизајнерките Ирина Тошева, Теодора Митровска, Кренаре Ругова и Силвија Михајловска.